Достапни линкови

Ештон: Црна Гора пример во регионот


Црна Гора е пример во регионот и кога станува збор за европските интеграции, а борбата против криминалот и корупцијата и понатаму треба да бидат врвни приоритети на државата. Ова вчера го изјави високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Кетрин Ештон, за време на посетата на Црна Гора.

Таа се сретна со црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ и шефот на дипломатијата Игор Лукшиќ, по што истакна дека не случајно ја избрала Црна Гора како прва држава што ќе ја посети на нејзината балканска турнеја.
XS
SM
MD
LG