Достапни линкови

Судири на протестите во Каракас


По изборот на Николас Мадуро за претседател на Венецуела, се одржаа протести во Каракас при што избија судири меѓу полицијата и демонстрантите. Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите.

Претходно државната изборна комисија ги соопшти официјалните резултати според кои Мадуро победи на изборите со освоени 50,8 проценти од гласовите додека неговиот против кандидат Енрике Каприлес освоил 49 проценти.

Мадуро беше избраниот наследник на починатиот претседател Хуго Чавез. Победата на Социјалистичката партија во Венецуела беше поздравена од Русија, Куба и Иран.
XS
SM
MD
LG