Достапни линкови

ЕК ќе ги објави пролетните извештаи за Западен Балкан


Европската Комисија се очекува денеска да ги објави пролетните извештаи за напредокот на земјите од Западен Балкан во евроинтегративниот процес. Во нив се очекува да биде адресирано прашањето дали Србија и Македонија се подготвени за отпочнување на пристапните преговори. Во извештајот за Косово се очекува да биде разгледано прашањето за приближување на земјата кон ЕУ. Извештајот за Србија доаѓа на само една недела откако таа го отфрли планот на ЕУ за нормализирање на односите со Косово.
Еврокомесарката за надворешна политика Кетрин Ештон неделава е на турнеја низ земјите од Западен Балкан со цел да го поттикне продолжувањето на реформскиот процес во Црна Гора, Албанија и Македонија.
XS
SM
MD
LG