Достапни линкови

logo-print

Обама: Виновните за случувањата во Бостон ќе ја почуствуваат правдата


Најмалку три лица загинале а над 140 се ранети од кои 20-тина се во критична здравствена состојба при две експлозии, кои една по друга, одекнале во Бостон за време на оддржување на традиционалниот маратон. На маратонот учествувале околу 27.000 натпреварувачи, а имало и голем број гледачи. Пред експлозијата, линијата на финишот ја минаа околу 17.600 тркачи.

Американскиот претседател Барак Обама разговарал со градоначалникот на Бостон и со гувернерот на Масачусетс, при што понудил федерална помош за справување со последиците од инцидентот. Тој во изјава која беше пренесена во живо на американските медиуми истакна дека САД не знае кој го сторил ова и зошто, и дека не треба да се избрзува со заклучоци додека не се познати сите факти, но вети дека кој и да е сторителот ќе „ ја почуствува тежината на правдата.“

Дел од светските новински агенции јавија дека полицијата нашла уште две експлозивни направи во близина, но успеала да ги демонтира.
Над Бостон била прогласена зона забранета за летови.

Поради инцидентот во Бостон, американските служби за безбедност ја зајакнале контролата и во другите поголеми американски градови, вклучувајки ги и Њујорк и Вашингтон.
Британската полиција веднаш започнала со разгледување дополнителни мерки за безбедност пред маратонот во Лондон, кој треба да се одржи во недела.
XS
SM
MD
LG