Достапни линкови

Најмалку три лица загинаа при нападот на маратонот во Бостон


Полицијата во американскиот град Бостон соопшти дека најмалку два лица загинале, а над140 се ранети, при двете силни експлозии кои одекнале една по друга на финиш линијата на денешниот маратон. Првата експлозија одекнала по три часа откако победникот ја поминал финиш линијата,во време кога голем дел од учесниците ја привршувале трката.

Белата Куќа соопшти дека претседателот Барак Обама е извесен за експлозиите, разговарал со гувернерот на Масачусетс Девал Патрик при што ја изразил својата загриженост. Во соопштението е наведено дека побарал од администрација да се погрижи за се што е потребно во врска со справувањето со последиците и пружање помош како и околу истрагата за настанот.

Властите во Њујорк соопштија дека по инцидентот на улиците во градот е зголемено присуството на бездносните сили.

Американските медиуми јавуваат дека полицијата стравува од можни нови експлозии. Новинската агеција Ројтерс јавува дека антитерористички едници се испратени на неколку локации во Њујорк по дојава за сомневање за поставена уште една бомба.
Евакуирани се повеќе објекти во градот, а полицијата превзема посебни безбедносни мерки во Вашингтон и Њујорк.
Се уште никој не ја презел одговорноста за нападот во Бостон.
XS
SM
MD
LG