Достапни линкови

Попоски ќе го посети Стразбур и Брисел


Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски утре во Стразбур ќе учествува на работна вечера со министрите за надворешни работи на земјите на Западен Балкан, на која почесен гостин ќе биде еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Како што соопшти МНР, во рамки на посетата, Попоски ќе има обраќање на дебатата организирана од групата Пан-Европа во Европскиот парламент на тема перспективите во процесот на пристапување на Македонија во ЕУ, а предвидени се и средби со повеќе европратеници.
Попоски од Стразбур заминува за Брисел каде што во среда треба да се сретне со генералниот директор за проширување во Европската комисија Стефано Санино, а ќе учествува и на работна вечера во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер“ на која ќе има обраќање на тема „Балканот пред портите: случајот на Македонија“.
XS
SM
MD
LG