Достапни линкови

logo-print

Груевски не сака да навлегува во шпекулациите за името


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски изјави денеска дека не би ја коментирал колумната на лидерот на ДУИ, Али Ахмети и дека секој има право да даде свое мислење и да изрази свој став. Груевски порача дека за секое сериозно и крупно решение треба да ги праша и консултира граѓаните. На прашањето дали чувствува притисок за можно решение за името, Груевски потенцира оти не може да каже дека гледа некој притисок, затоа што, бил навикнат на многу поголеми притисоци. Тој не сакаше да навлегува во шпекулациите дали можното решение за прашањето за името е Горна Република Македонија. Нагласи дека не може да прејудицира и за тоа дали е можно брзо решавање на прашањето за името.
Груевски по промоцијата на последните 20 изданија од проектот „Превод на литературни дела на добитници на Нобеловата награда за литература“, рече и дека тој не знае за што ќе разговара со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон на утрешната средба.
XS
SM
MD
LG