Достапни линкови

Карзаи бара отстранување на спорниот граничен премин со Пакистан


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи нареди да бидат отстранети барикандите кои ги поставија пакистанските власти на спорната граница меѓу двете земји. За време на средбата на Националниот совет за безбедност Карзаи им порача на министрите за одбрана, внатрешни и надворешни работи да преземат итни мерки за отстранување на инсталациите покрај линијата Дурант.
Карзаи побара и појаснување од меѓународните сили во Авганистан дали тие му помогнале на Пакистан во изградбата на инсталациите.
XS
SM
MD
LG