Достапни линкови

Тешко до предвидениот економски раст


Неразбирлив е оптимизмот на Владата дека македонската економија ќе закрепне во втората половина од годинава и ќе успее да го постигне предвидениот раст од два проценти, велат дел од економистите.

За дел од економските експерти е сосема неразбирлив и нејасен оптимизмот на Владата дека македонската економија ќе закрепне во втората половина од годинава и оти таа ќе успее да го постигне предвидениот раст од два проценти. Во услови на намален пад на нарачките од странство и недостиг на странски инвестиции во земјава, сосема нереално е да очекувате заживување на економијата, посочува универзитетскиот професор Ванчо Узунов, кој е и претседател на Економско-социјалниот совет на СДСМ.
Напротив, јас мислам дека втората половина од годината нема да биде ни половина од тоа што се надева владата, бидејќи во досегашниот период од годината владата потроши можеби 300 милиони евра плус од сите буџетски средства поради изборите и тоа имаше сепак позитивен одраз во економијата. Во втората половина од годината ќе ги нема тие пари.
Ванчо Узунов, универзитетски професор, претседател на Економско-социјалниот совет на СДСМ.

„Напротив, јас мислам дека втората половина од годината нема да биде ни половина од тоа што се надева владата, бидејќи во досегашниот период од годината владата потроши можеби 300 милиони евра плус од сите буџетски средства поради изборите и тоа имаше сепак позитивен одраз во економијата. Во втората половина од годината ќе ги нема тие пари.“

Дали ваквото однесување на властите ја доведува во прашање остварливоста на предвидениот раст од 2 проценти економски раст на годишно ниво? Узунов воопшто не се сомнева дека проекцијата до крајот на годината нема да може да се реализира.

„Очигледно се неостварливи. Е сега владата, уште во првата половина од годината сака да каже дека еве, сега по добиени избори ќе ни тргне напред и ќе ги реализираме предвидените стапки, но многу тешко дека тоа ќе се случи“, вели Узунов.
Од интерните фактори е битно што ќе се случува со буџетската потрошувачка. Дали она што е предвидено за капитални инвестиции ќе се потроши во текот на годината или ќе остане непотрошено и пренаменето. Ако се потроши целиот износ на капитални инвестиции, тогаш ние сме оптимисти.
Мирче Чекреџи, Сојуз на стопански комори.

„Равенка со неколку непознати“, вака од Сојузот на стопански комори се обидуваат да го објаснат влијанието на внатрешните и надворешните фактори врз проектираниот економски раст и оптимистичките очекувања за заживување на економијата во следните неколку месеци. Но и од таму се надеваат дека климата ќе биде подобра во втората половина годинава.

„Од интерните фактори е битно што ќе се случува со буџетската потрошувачка. Дали она што е предвидено за капитални инвестиции ќе се потроши во текот на годината или ќе остане непотрошено и пренаменето. Ако се потроши целиот износ на капитални инвестиции, тогаш ние сме оптимисти“, изјави Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори.

Од Сојузот истакнуваат дека неликвидноста во работењето, како и намалениот извоз на металите чија цена бележи пад на светските пазари, остануваат главни проблеми на домашните компании.

„Доста голем дел од извозниот колач отпаѓа на металите, па ако кај металите поинтензивно се размрда работата, тоа позитивно ќе се одрази на македонското стопанство“, вели Чекреџи.

И покрај тоа што домашните компании се соочуваат со намален извоз, а паѓа и цената на металите на светските пазари, министерот за економија Ваљон Сарачини е оптимист дека македонската економија ќе успее да го постигне предвидениот раст од 2 проценти. Тој изјави дека тоа се должи на успешното реализирање на капиталните инвестиции, како и одржувањето на макроекономската стабилност и релаксирана монетарна политика.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG