Достапни линкови

Најмногу коментари за милионските анекс-договори на Скопје 2014


Најголемиот дел од коментарите се од Скопје каде што се лоцирани најголемиот дел, ако не и сите проекти.

Изненадува колку многу ваши коментари има по прилогот на колешката Зорана Гаџовска-Спасовска за анекс-договорите во јавните набавки при градењето на проектите од Скопје 2014, што е дел од 10 независни истражувачки стории за капиталните објекти во Скопје. Можеби затоа најголемиот дел од пораките се од Скопје каде што се лоцирани најголемиот дел, ако не и сите проекти.
Што не ви е јасно, дека треба да се продолжи да се кради... ова... гради (така ли беше?)

Тања смета дека нема видено поголема глупост и лечење фрустрации преку проект „Камења“ и притоа без малку чувство и грижа на совест на оние кои досега не знаеле кои се, ама сега се просветлиле и кичот ги прави поголеми „патриоти“ одошто биле досега. Граѓанка, исто така од Скопје се смее кога пишува дека разликите во цените биле сите во милионски суми, а за врбите, вели: „колку чинеа или се исушија не кажа ништо министерката за култура“. ДЏ, пак од Скопје, пишува: „Историја не се гради со споменици туку со херојство“, а некој потпишан со Лопов порачува: „Што не ви е јасно, дека треба да се продолжи да се кради... ова... гради (така ли беше?)“.
Браво, браво, и се покажа дека сево ова го сака народот. Ако, си доби тоа што си го бара, браво народе, сега нема кукање, одлично е, дури и малку скапо, уште некој договор нека достават.

Скопјанче извикува: „Браво, браво, и се покажа дека сево ова го сака народот. Ако, си доби тоа што си го бара, браво народе, сега нема кукање, одлично е, дури и малку скапо, уште некој договор нека достават.“ Но, Јовче, и тој од Скопје, смета дека „сè би било супер доколку во прилогот имало изложено докази, а не само басни од одредени луѓе“. Далибор од Куманово, исто така смета дека ако некој има докази за какво било незаконско работење нека ги поднесе до соодветни органи. И Верица од Скопје смета дека редно било градот од паланка, како што пишува, да прерасне во град со свои обележја и историја.

Верица ѝ забележува на нашата редакција дека сме биле против својот град и својата историја и дека немало ниту другите да нè ценат ако ние самите не сме се ценеле.

Интересна е колумната на Марјан Забрчанец од Младинскиот образовен форум во нашата младинска он-лајн колумна „Криви сте што сте живи“. Макмак го поздравува авторот и пишува дека Македонија наскоро ќе мора да увезува кадри од Бугарија и од Косово, затоа што сите наши млади образовани ќе заминат, но некој потпишан со Еден за сите, сите за... фрла дрва и камења против Забрчанец, искажувајќи ги сите предрасуди против невладините и против младите што размислуваат како авторот на колумната. Циничен хејтер од град Беда вели дека криви се младите што не запалат една-две владини институции, а Анонимен пишува: „Фала за текстот, така некако испаѓа, дека сме криви што живееме“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG