Достапни линкови

Мадуро прогласи победа на претседателските избори


Николас Мадуро

Николас Мадуро

Официјалните избирачки органи во Венецуела соопштија дека избраниот наследник на Уго Чавез победи на претседателските избори. Во теска трка Николас Мадуро го победи Енрике Каприлес со околу 300.000 гласови предност .
Говорејќи пред поддржувачите по неговата изборна победа, Мадуро изјави дека би го поздравил пребројувањето на резултатите од изборите. Пред да бидат објавени резултатите Каприлес изјави дека владата прави заговор за да ја негира неговата победа. Мадуро водеше кампања на ветувања насочени кон продолжување на она што Чавез го нарекуваше социјализам на 21 век, со многу владина помош за сиромашните и со државна контрола на економијата. Каприлес тврди дека режимот на починатиот претседател ја водеше Венецуела кон пропаст.
XS
SM
MD
LG