Достапни линкови

Во Москва разговори за затоплување на односите со САД


Висок претставник на Белата куќа денеска ќе одржи разговори во Москва по последното влошување на билатералните односи. Советникот за национална безбедност Том Донилон ќе се сретне со руски официјални лица само неколку дена откако американската администрација објави имињата на 18 руски граѓани кои подлежат на визни забрани и им ги замрзна средствата повикувајќи се на законот Магницки. Повеќето од осумнаесеттемина на таа листа беа осомничени за поврзаност со јавниот обвинител во случајот на адвокатот Сергеј Магницки кој почина во затвор во Москва во 2009 година. Во саботата, Москва одговори со именување на 18 Американци на кои им е забранет влез во Русија, повеќето од нив обвинети за кршење на правата на Русите во САД. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека листата Магницки е директно мешање во руската политика.
XS
SM
MD
LG