Достапни линкови

Најмалку 10 мртви по последните напади во Ирак


Последните напади во Ирак во кој загинаа најмалку 10 лица, вклучуваат и еден сунитски кандидат за претстојните избори. Најкрвавиот напад се случил во близина на Мосул во северниот дел. Пет полицајци беа убиени кога тие се приближувале кон едно заробено тело на кое имало поставено експлозив. Неколку часа претходно, Наим Ал Харби беше убиен во експлозија на бомба во провинцијата Дијала, северно од Багдад. Досега се убиени 14 кандидати за изборите.
На дваесетти април Ирачаните треба да изберат совети во покраините. Повеќе од 8.000 кандидати се натпреваруваат за речиси 450 седишта. Властите го одложија гласањето во две сунитски провинции поради загриженост за безбедноста.
XS
SM
MD
LG