Достапни линкови

Кипар се надева на договор за рускиот кредит


Кипарскиот министер за финансии Харис Георгијадис изјави денеска во Даблин дека се надева дека земјата во наредните неколку недели ќе постигне договор со Москва за преструктуирањето на рускиот кредит од 2011 година. Георгијадис кој учествува на средбата на министрите за финансии на земјите од Европската унија изрази оптимизам за резултатот од преговорите за преразгледување на договор за кредит од 2,5 милијарди евра, одобрен од Русија во 2011 година за рок од 4,5 години, со годишна каматна стапка од 4,5 отсто.
XS
SM
MD
LG