Достапни линкови

Локален политичар загина во бомбашки напад во Пакистан


Локален политички лидер загина во експлозија на бомба поставена покрај патот во северозападниот дел на Пакистан. Нападот е последен во низата инциденти пред одржувањето на парламентарни избори на 11 мај. Полицијата соопшти дека Мукарам Шах загинал додека патувал накај градот Мингора. Се уште никој не презема одговорност за нападот.
Шах е припадник на секуларната Авами национална партија, која поддржува воени операции против милитантите во регионот.
XS
SM
MD
LG