Достапни линкови

logo-print

Пет загинати во собраќајна несреќа во Белгија


Најмалку пет лица загинале, а неколку се повредени кога автобусот во кој се возеле ја пробил заштитната ограда и излетал од автопатот во белгискиот град Антверпен. Медиумите јавија дека автобусот со полски регистарски таблици превезувал 40 млади патници на возраст од 15 до 17 години од Русија и Украина. Причините за собраќајната несреќа се уште не се познати. Меѓу загинатите се тројца млади лица, возачот на автобусот и еден возрасен.
XS
SM
MD
LG