Достапни линкови

Саша Ефтимова - Со „железниот репертоар“ не отвораме граници


Саша Ефтимова, кореограф.

Саша Ефтимова, кореограф.

По две години од премиерната изведба, со „Филм“ - независниот проект на уметницата и кореографката Саша Ефтимова беше отворено годинашното, шесто по ред, издание на Интернационалниот театарски фестивал „Лица без маски“. Ова беше уште една убава можност низ играта на младите танчери да ја почувствуваме нејзината силна заложба за практикување на танц-театар на овие наши простори.

Кореографката Саша Ефтимова говорејќи за „Филм“ вели дека станува збор за проект кој што покажува досега нешто невообичаено за неа и за кореографскиот израз што го негува, за поинаков театар – танц-театар што е популарен во Америка и кој полека продира насекаде во светот. Таа дополнува дека нејзината желба била да ги пренесе таквите влијанија и во Македонија, но потенцира дека овие идеи тешко пробиваат кај нас. И, работите да бидат уште почудни, поради немањето на соодветен проектор, по само неколку изведби, нејзиниот проект е симнат од репертоарот на нашата национална куќа, а неизвесно е и неговото идно прикажување на сцените во Република Македонија.
Некои луѓе кои што имаат посебни видици како би требало да се однесува театарот или балетот и во кој смер треба да оди, тоа се тие луѓе кои одлучуваат и за иднината на самата танцова сцена. Едноставно со тоа што се затвораме од сите страни и со тоа што се концентрираме на тој „железен репертоар“, не отвораме никакви граници... Посебно да кажам еве за нас како национална куќа, како МОБ, ние треба да излеземе надвор од нашата држава и да прикажеме нешто оригинално. Треба да имаме повеќе македонски проекти, поалтернативни проекти кои што можат во подобро светло да ја прикажат нашата држава, нашата танцова сцена надвор од Македонија.

„Некои луѓе кои што имаат посебни видици како би требало да се однесува театарот или балетот и во кој смер треба да оди, тоа се тие луѓе кои одлучуваат и за иднината на самата танцова сцена. Едноставно со тоа што се затвораме од сите страни и со тоа што се концентрираме на тој „железен репертоар“, не отвораме никакви граници... Посебно да кажам еве за нас како национална куќа, како МОБ, ние треба да излеземе надвор од нашата држава и да прикажеме нешто оригинално. Треба да имаме повеќе македонски проекти, поалтернативни проекти кои што можат во подобро светло да ја прикажат нашата држава, нашата танцова сцена надвор од Македонија“, вели Ефтимова.

Како автор на „Прегратка“, балетската претстава работена на музика на ПРОЕКТ ЖЛУСТ со која (по премиерата на малата сцена во МОБ) гостуваше на фестивали во Франција и Италија, Ефтимова истакнува дека тоа е нејзиниот „македонски балет“ и дополнува дека ние имаме млади кореографи и композитори кои се подготвени да го прифатат тој предизвик. Како пример за тоа ја наведува својата идна соработка со Огнен Анастасовски, музичар и автор кој на пошироката публика и е познат по делувањето во групата БЕИ Д ФИШ.
Моментално работам претстава за Канада каде што треба да дадам свој авторски проект на музика на Огнен Анастасовски за Балетската академија во Ванкувер и плус три додатни проекти кои што ми се во Грузија бидејќи некаде од септември месец имам понуда да бидам резидент-кореограф во нивната национална куќа. Згора на тоа, „Тајната градина“ е прифатен во Националниот балет на Виетнам така што во октомври месец ќе треба да заминам таму и премиерата да се случи во ноември годинава.

„Знаеме дека претставата ќе се работи според книга од македонски автор, сликар бил на времето, така да нашиот проект би се бавел со отсликување на неговиот живот.“

Во очекување на разбирање од Министерството за култура и авторитетите во нивната матична куќа, Македонската опера и балет, овој проект да се обистини некаде во 2014 година, кореографката ќе ја продолжи својата успешна серија на ангажмани на интернационалната сцена.

Имено во текот на 2012 таа престојуваше во Њујорк каде што работеше со танчери од „Њујорк сити балеј“ и Американската школа за балет, а потоа на покана на Нина Ананиашвили имаше премиера на „Тајната градина“ во Националниот балет на Грузија во Тбилиси, балет работен на музика на Себастиан Плано и Олафур Арландс. Потем следуваше нејзиното патување во Уругвај каде што му беше асистент на кореографот Франк Андерсен, а вели дека пред неа се уште неколку навистина значајни проекти и ангажмани.

„Моментално работам претстава за Канада каде што треба да дадам свој авторски проект на музика на Огнен Анастасовски за Балетската академија во Ванкувер и плус три додатни проекти кои што ми се во Грузија бидејќи некаде од септември месец имам понуда да бидам резидент-кореограф во нивната национална куќа. Згора на тоа, „Тајната градина“ е прифатен во Националниот балет на Виетнам така што во октомври месец ќе треба да заминам таму и премиерата да се случи во ноември годинава“, вели таа.

Родена 1979 година, Саша Ефтимова со невидена преданост кон професијата систематски ја гради сопствената интернационална кариера. Класичната наобразба ја има стекнато во МБУЦ „Илија Николовски Луј“ во класата на Елисавета Кушевска. Во периодот од 1998 до 2001 година престојуваше во школата „Степс он Бродвеј“ во Питсбург и на Бродвеј, во Њујорк, каде што ги совлада џез и современиот балет, а оттогаш е солист на МОБ.

Во 2007 година беше партиципиент во проектот „Килијан на Блаканот“ на славниот кореограф, а бележити се и нејзините соработки со Лиса Торун, Деби Вилсон, Артур Кугелеин, Арслан Кан , Рафаел Бјанко и други. Во сопственото портфолио Ефтимова има бројни улоги и 13 авторски проекти, добитничка е на Гран При за кореографија на петтиот по ред интернационален натпревар на кореографи „Сергеј Диагилев“ во Лоѓ, Полска во 2011, а минатата година доби и признание за кореографијата во оперетата „Војвотката на чардашот“.

За нејзините претстави критиката пишува дека се врвно естетско, емотивно и страсно доживување, а публиката ги доживува како нов и свеж израз во македонскиот танц.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG