Достапни линкови

logo-print

Колку станови има битолскиот градоначалник?


Владимир Талески, градоначалник на Битола.

Владимир Талески, градоначалник на Битола.

Опозицискиот „Сојуз за иднината“ обвинува дека на име на градоначалникот на Битола Владимир Талески и на име на неговата сопруга се водат пет станови во Битола.

Битолскиот градоначалник Владимир Талески во анкетниот лист до Антикорупциската комисија пријавил дека располага со имот од два стана. Но, деновиве опозицискиот „Сојуз за иднината“ извади имотни листови од катастар дека на негово име и на име на неговата сопруга се водат пет станови во Битола.
Дали Талески и неговата сопруга поседуваат стан на улица Бонде Скерлевски бр. 44/4, кат први, имотен лист бр. 19674? Дали Талески располага со уште еден стан на улица Бонде Скерлевски бр.44/4 на приземје со имотен лист 92380?

Горан Милевски од ЛДП јавно праша:
Битола.

Битола.


„Дали Талески и неговата сопруга поседуваат стан на улица Бонде Скерлевски бр. 44/4, кат први, имотен лист бр. 19674? Дали Талески располага со уште еден стан на улица Бонде Скерлевски бр.44/4 на приземје со имотен лист 92380? Дали поседуваат стан на улица 13 Јули, кат први стан број 9, на име на неговата сопруга со имотен лист број 91556? Четврти стан на улица 13 јули, кат први стан број 8, имотен лист 91552. Стан број пет на улица Борис Бастерот, кат први стан број 3, имотен лист број 40520?“
2010 година промената за која плаќаме кредит и кој стан сè уште не е наш не е внесен по наша иницијатива.

Од „Сојузот на иднината“ поднесоа претставка до Антикорупциската комисија да ја испита имотната состојба и потеклото на имотот на Талески.

Градоначалникот пак даде две изјави. Во првата рече дека има само два стана.

„Лажат. Апсолутно дека не е точно. Тие направија и флаери, пишуваа за имоти во разни градови, во други земји. Тоа е нивниот стил, немаат концепт. Тоа што е пријавено, тоа е тоа и може да се провери“, рече Талески.

По неколку дена даде уште една изјава во која призна дека имаат уште еден стан кој не го пријавиле во анкетниот лист зашто за него плаќале кредит.

„Последниот анкетен лист побаран од мене законски беше во 2009 година. Тие два имотни листа што ги имав се ставени регуларно во анкетниот лист. 2010 година промената за која плаќаме кредит и кој стан сè уште не е наш не е внесен по наша иницијатива. Ако е грев, тоа е гревот што ние не сме го ставиле неисплатениот стан. Ако е тоа казниво, јас прифаќам и ќе се извинам дека ете таму не е пријавен, но е пријавен во банката. Но, тоа не значи дека тие кандидатот на ДПМНЕ треба да го прават криминалец“, рече градоначалникот.

Според Законот за спречување корупција, избран функционер кој располага со државен капитал е должно во рок од 30 дена да го пријави секое зголемување на неговиот имот или на член на неговото семејство.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG