Достапни линкови

Хрватска избира пратеници за ЕП


Во Хрватска денеска се одржуваат избори за пратеници во Европскиот парламент. На 28 листи, од кои 27 се партиски и една независна чиј носител е истарскиот жупан Иван Јаковшиќ, учествуваат 336 кандидати за 12 пратенички места. Покрај 6.614 избирачки места ќе се гласа и на 82 места во 51 држава.
Пратениците се избираат на една година, до редовните избори за ЕП, кои ќе се одржат следната година. Хрватска на 1 јули ќе стане 28 земја-членка на Европската унија.
XS
SM
MD
LG