Достапни линкови

Папата именуваше свештеници за реформи на црквата



Папата Францис именуваше група од осум кардинали за советници кои ќе го разработат предлогот за реформи на црквата, соопштуваат од Ватикан. Именуваните кардинали се од Италија, Германија, Чиле, Хондурас, САД, Индија, Конго и Австралија. Првиот состанок на оваа група ќе се одржи од 1 до 3 октомври, се наведува во соопштението. Римокатоличката црква ја тресат бројни скандали, од оние во кои свештеници злоставувале деца во САД, до истите појави кои биле забележани во Европа, особено во Ирска каде има пријавено над десетици илјади инциденти.
XS
SM
MD
LG