Достапни линкови

logo-print

Предизборен молк во Венецуела


Во Венецуела денеска е предизборен молк, во пресрет на утрешните претседателски избори на кои 19 милиони гласачи ќе бираат кој ќе го замени доскорешниот претседател Уго Чавез кој неодамна почина. Николас Мадуро кој од 5 март ја извршува должноста претседател е фаворит на утрешните избори во борбата против опозициониот ривал Енрике Каприлез. Предизборната кампања ја одбележаа навреди и обвинувања за планирање на атентат.
Според досегашните анкети на јавното мислење Мадуро има значителна предност. Тој вети дека ќе ја продолжи социјалистичката револуција, која благодарејќи на приходите од нафтата, на сиромашните им ги направи достапни образованието, здравството и храната. Каприлез смета дека на земјата и се потребни промени и дека ќе води политика поволна за развој на бизнисот.
XS
SM
MD
LG