Достапни линкови

Лажна тревога во Јапонија


Во Јапонија по третпат неделава била објавена лажна информација за лансирање на балистичка ракета од Северна Кореја. Еден јапонски функционер наместо да ја објави информацијата за силниот земјотрес што го погоди западниот дел од земјата, објавил дека е лансиран севернокорејски балистички проектил. Тој по грешка на 87 аеродроми им испратил електронска порака во која се вели дека е лансирана севернокорејска ракета, соопшти министерството за сообраќај.
Човекот всушност сакал да испрати порака во којашто од екипите се бара да ја проверат состојбата на лице место веднаш по силниот земјотресот кој утрината по локално време го погоди западниот дел од Јапонија. Наместо да ја испрати електронската порака за земјотресот, тој невнимателно ја испратил итната порака подготвена во случај на севернокорејска ракета.
Погрешното предупредување било повлечено по шест минути, но поради него бил одложен најмалку еден домашен лет, соопшти јапонското министерство за сообраќај.
XS
SM
MD
LG