Достапни линкови

Фабиус: Опасно е однесувањето на севернокорејскиот лидер


Министерот за надворешни работи на Франција, Лоран Фабиус изјави дека однесувањето на севернокорејскиот лидер Ким Џон Ун е многу опасно.
„Не знаеме која му е целта, дали да се наметне на војската или да добие еден вид кредит, за да бара нешто за возврат“, изјави Фабиус во Шангај.Тој сепак додаде дека дури и да блефира, однесувањето на Ун е опасно. Францускиот министер изјави дека во текот на разговорите со кинеските лидери тој добил впечаток дека тие се загрижени за ситуацијата на корејскиот полуостров. Наскоро во посета на Кина треба да пристигне и францускиот претседател Франсоа Оланд.
XS
SM
MD
LG