Достапни линкови

ЗНМ: Дијалог по расчистување на настаните во Собранието


Здружението на новинарите на Македонија ќе остане надвор од институционалниот дијалог се додека не се расчистат настаните што се случија во Собранието на 24 декември минатата година, истакна Насер Селмани, претседател на ЗНМ, на денешното редовно собрание на здружението. Во врска со Предлог-законот за медиуми, Селмани уште еднаш побара продолжување на рокот за да можат и да имаат доволно време новинарите да организираат дебати, да го анализираат предлогот и да изготват заеднички забелешки.
XS
SM
MD
LG