Достапни линкови

Одбиени скоро сите приговори за вториот круг


Државната изборна комисија доцна синоќа ги разгледа и ги одби сите 252 приговори поднесени од Социјалдемократскиот сојуз за вториот круг од локалните избори за 15 општини. Во изминатите два дена беа одбиени и 33 приговори на ВМРО-ДПМНЕ за Куманово и 60 за Центар, 16 на НДП за Гостивар, 4 на ДУИ за Студеничани и 2 на ДПА за Чаир и Врапчиште.
Одбиени беа и 15 од вкупно 17 приговори на ВМРО-ДПМНЕ за општина Струга. За оваа општина беа прифатени два приговора, но бројот на гласови на овие избирачки места не влијае на конечниот исход бидејќи разликата меѓу Зијадин Села и заедничкиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ Владо Кочоски е околу 5.000 гласа.
По одлуките на ДИК партиите имаат право на тужба до Управниот суд на Република Македонија, чии одлуки се последни и конечни.
XS
SM
MD
LG