Достапни линкови

logo-print

Почна гласањето на пoкраинските избори во Ирак


Членови на војската и полициските сили го почнаа процесот на гласање на покраинските избори на една недела пред тоа да го сторат и останатите гласачи. Се проценува дека 650.000 луѓе од вооружените сили и полицијата имаат право на глас денеска. Предвремените избори се одржуваат во само 12 од 18 провинции во Ирак поради загриженост за безбедноста. Ова се првите избори во Ирак одржани по парламентарните избори во 2010 година. На 20 април, околу 15.5 милиони ирачки граѓани ќе имаат можност да го дадат својот глас. Постои загриженост дека процесот би можело да го влошат секташки проблеми, особено откако шиитската влада го одложи гласањето во шест провинции, од кои две се со сунитско мнозинство, а други четири се во северниот курдски регион.
XS
SM
MD
LG