Достапни линкови

Најмалку осум жртви во експлозија во Пакистан


Најмалку осум лица се убиени при експлозија на бомба во северозападниот дел на Пакистан, соопштија официјални лица. Полицијата информираше дека седум лица се повредени во бомбашки напад во предградието на Пешавар, на границата со Авганистан. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Безбедносните сили спроведоа неколку офанзиви напади против пакистанските талибанци и други милитантни групи во таа област. Неодамнешниот бран на терористички напади ја зголеми загриженоста дека насилствата ќе се зголемат за време на изборите следниот месец.
XS
SM
MD
LG