Достапни линкови

logo-print

Русија го возврати ударот на САД


Гробот на адвокатот Сергеј Магницки

Гробот на адвокатот Сергеј Магницки

Русија го забрани влезот во земјата за осумнаесет Американци како одговор на вчерашната одлука на Вашингтон да го забрани влезот за исто толкав број Руси во Соединетите Држави поради наводни кршења на човековите права. На списокот на санкционирани лица помеѓу другите се и поранешниот министер за правда Џон Ју, Дејвид Адингтон, поранешен начелник на штабот на потпретседателот Дик Чејни и двајца поранешни началници во затворот Гвантанамо. Вчера, Соединетите Држави изрекоа санкции според законот Магницки, наречен по рускиот адвокат Сергеј Магницки кој во 2008 година беше уапсен поради затајување данок. Тој обвини официјални лица на руската полиција за проневера од 230 милиони долари државни пари. Магницки умре во затвор во 2012 година откако бил претепан и одбивал лекарски третман. Законот Магницки ги разлути руските власти и парламентот веднаш возврати со донесување на закон со кој на Американците им се забранува посвојување на руски деца.
XS
SM
MD
LG