Достапни линкови

Портпаролот на Путин заработил повеќе од него?


Дмитриј Песков

Дмитриј Песков

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин,заработил повеќе пари од претседателот, се наведува во извештајот за годишните приходи на високите официјални лица на веб страницата на Кремљ.
Според прикажаното годишниот приход на Путин за 2012 година изнесува 187 000 долари, а на неговиот секретар за медиуми Дмитриј Песков околу 205 000 долари. Руската новинска агенција ИТАР-ТАСС, посочи дека приходите на Путин во 2012 година е околу два милиони рубљи повеќе отколку што заработил во 2011 година. Рускиот премиер Дмитриј Медведев, исто така заработил малку повеќе од Путин. Пријавениот приход на Медведев за 2012 година изнесува 187 500 долари.
XS
SM
MD
LG