Достапни линкови

Нови жртви во судирите во Северен Кавказ


Експлозија во близина на едно училиште во градот Бинакшк уби најмалку еден полицаец, а тројца други се повредени во најновиот инцидент за време на дводневното насилство во Северен Кавказ.
До експлозијата доаѓа по жестоките судири во областа Дагестан. Борбите почнаа во четврток, кога безбедносните сили опколија група милитанти. Тројца милитанти беа убиени, а најмалку еден припадник на безбедносните сили бил ранет кога друга група на милитанти нападнала синоќа. Во истата област бил нападнат и контролен пункт, но засега нема пријавено жртви. Дагестан е една од најпознатите републики во Северен Кавказ, во која има често насилство поврзано со исламските екстремисти и криминалните групи.
XS
SM
MD
LG