Достапни линкови

Судијата во случајот Мубарак се повлече од судењето


Судијата задожен за повторното судење на поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак се повлече од случајот. Судијата Мустафа Хасан Абдула изјави дека се чувствува непријатно и тешко во разгледувањето на случајот.
Мубарак со болничка количка утрово пристигна во Полициската академија во Каиро поради почетокот на неговото повторено судење. До него доаѓа десет месеци откако тој беше осуден на доживотен затвор поради убиство на стотици демонстранти во Египет во 2011 година за време на Арапската пролет. Во јануари, највисокиот суд во Египет нареди повторно судење за Мубарак по прифаќањето на жалбата против неговата доживотна затворска казна. Мубарак кој наскоро ќе наполни 85 години, претрпе неколку здравствени шокови, а во моментов се лекува во воената болница во Каиро.
XS
SM
MD
LG