Достапни линкови

Потврден нов вирус на птичји грип во Кина


Седум годишно девојче е првиот потврден случај на новиот вирус на птичји грип во Пекинг. Здравствениот институт во Пекинг соопшти дека девојката, чии родители се трговци со живина биле инфицирани со H7N9 вирусот. Девојчето беше примена во болница во четврток со симптоми на треска, болки во грлото, кашлање и главоболка. Кина е првата земја која пријави човечки инфекции од H7N9 вирусот. Околу 40 луѓе се заразени со вирусот,а веќе 11 од нив починале. Сите инфекции засега биле во источниот дел на земјата. Кинеските здравствени власти и Светската здравствена организација ги минимизираше стравувањата на епидемија, велејќи дека нема докази за пренос од човечк на човек.
XS
SM
MD
LG