Достапни линкови

logo-print

САД казни 18 лица од "списокот Магницки"


САД забраниja издавање визи и го замрзна имотот на 18 лица, повеќето од нив Руси, кои се наоѓаат на таканаречената „Магницки“ листа. Шеснаесет од нив се споменуваат поради нивната улога во случајот на Сергеј Магницки, адвокат од Москва кој вмешал голем број на руски официјални лица во голема даночна измама. По обвинувањата, самиот Магницки беше обвинет за даночно затајување во 2008 година. Тој бил тепан и одбивал медицински третман додека беше во притвор,а почина во 2009 година. Две лица од Чеченија се исто така на листата, а Вашингтон ги смета за виновни за големи нарушувања на човековите права. Портпаролот на рускиот претседател Путин, Дмитриј Песков, веќе изјави дека „несомнено листата ќе има многу негативен ефект врз билатералните руско-американски односи."
XS
SM
MD
LG