Достапни линкови

Продолжува судењето на Мубарак


Поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак пристигна во Полициската академија во Каиро поради почетокот на неговото судење. 84-годишниот Мубарак во зградата пристигна во болничка количка. Повторното судење доаѓа десет месеци откако тој беше осуден на доживотен затвор поради убиство на стотици демонстранти во Египет во 2011 година за време на Арапската пролет. Во јануари, највисокиот суд во Египет нареди повторно судење за Мубарак по прифаќањето на жалбата против неговата доживотна затворска казна, повикувајќи се на процедурални недостатоци. Мубарак, кој наскоро ќе наполни 85 години, претрпе неколку здравствени шокови, а државната новинска агенција дури и го прогласи за клинички мртов во еден момент кога падна во кома. Тој во моментов се лекува во воената болница во Каиро.
XS
SM
MD
LG