Достапни линкови

Дачиќ: Преговорите ги продолжуваме и без ЕУ


Српскиот премиер Ивица Дачиќ изјави дека Белград ќе ги продолжи преговорите со Приштина, доколку е потребно и без посредници, бидејќи нема друг начин за решавање на косовскиот проблем. Одговарајќи на прашањето дали е реално Србија да добие датум за почеток за преговорите со ЕУ во јуни, Дачиќ изјави дека најреално е да се престане најголемиот проблем на Србија да се врзува само за приближувањето во ЕУ.
„Ние Косово го решаваме за да можеме норамално да живееме, а не за да добиеме датум. Тој датум секако дека е наша цел, но од истата причина - да можеме нормално да живееме. Но постојано, во целиот тој процес, мора да не води свеста дека Косово го решаваме поради Косово и Србија и оти мора да го решиме без разлика кога ќе добиеме датум,” нагласи српскиот премиер во интервју за
"Данас".
XS
SM
MD
LG