Достапни линкови

Гласањето како реалност


Тамара Атанасоска, граѓански активист.
Тамара Атанасоска, граѓански активист.

Индиферентноста на младите кон гласањето и останатите демократски процеси во изумирање во нашата држава е евидентна – се гордеат со своите поништени ливчиња, со своето негласање. Младите наместо вклучување, најчесто пребегнуваат кон исмевање, дистанцирање или иронија кон политичкиот систем од кој се дел, пишува активистката Тамара Атанасоска во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Иако прашав, пребарав и се обратив до многу места, не можев да најдам информации за излезеност на младите на гласање во нашата држава, ниту пак некое истражување за тоа што влијае за нивната поголема или помала излезеност. Изминативе недели најактуелен настан во државата беа локалните избори и се прашувам – колку млади луѓе го остварија своето граѓанско право?
Индиферентноста на младите кон гласањето и останатите демократски процеси во изумирање во нашата држава е евидентна – се гордеат со своите поништени ливчиња, со своето негласање. Младите наместо вклучување, најчесто пребегнуваат кон исмевање, дистанцирање или иронија кон политичкиот систем од кој се дел. Ако ја занемариме големата порција на млади кои се изедени од политичката машина преку слепата активност во партиите без поткрепа на идеологија или било каков став, најчесто втурнти таму од родителите или опкружувањето, ни остануваат младите кои се целосно деполитизирани.

Индиферентноста на младите кон гласањето и останатите демократски процеси во изумирање во нашата држава е евидентна – се гордеат со своите поништени ливчиња, со своето негласање. Младите наместо вклучување, најчесто пребегнуваат кон исмевање, дистанцирање или иронија кон политичкиот систем од кој се дел. Ако ја занемариме големата порција на млади кои се изедени од политичката машина преку слепата активност во партиите без поткрепа на идеологија или било каков став, најчесто втурнти таму од родителите или опкружувањето, ни остануваат младите кои се целосно деполитизирани.

А деполизираноста е привилегија. Младите кои најмногу се перчат со исклученоста од политичките процеси го прават тоа само затоа што можат да си го дозволат. Како и секоја привилегија, и оваа им создава погрешна перцепција за реалноста. Се наоѓаат во супер комфорна зона која не сакаат да си ја нарушат, уживаат во својата политичка неписменост.

Младите во Македонија ретко директно се судираат со системот. Не се впуштаат веднаш во пазарот на труд туку долго студираат, не ги напуштаат домовите на своите родители и со тоа го одлагаат своето созревање како граѓани. Образовниот систем е така скроен да не промовира граѓански вредности, но и македонскиот менталитет не ги наметнува за да ги присвојат дома – така што се оставени самите на себе во процесот на учење во правата и должностите на својата јавна функција.

Младите сметаат дека политиката е неефективна, избирачкиот процес не носи специфични резултати и дека општеството воопшто не е заедница за која тие можат да имаат чувство на припадност. Не чувствуваат дека прават разлика и имаат изгубено доверба во себе и институциите. Нивниот нестабилен социјален контекст прави да наоѓаат поголемо задоволство во пронаоѓањето на сопствени начини да се вклучени преку волонтирање локално или сл, оддалечувајќи се целосно од веќе воспостевените официјални демократски процеси преку кои можат да се вклучат и да влијаат на општеството, како што е на пример гласањето.
Како и да е, негласањето и поништувањето на ливчињата значи дека гласате за победникот. Негласањето и поништувањето на ливчињата значи дека вие молчеливо го одобрувате се ова што се случува околу нас иако во раце ви е шансата да го промените.

Иако оргиналнато чувство кое го имав кон својата генерација беше гнев кон незаинтересираноста, гнев кон нивниот лежерен однос кон нашата заедничка иднина која сега е нашата шанса да ја градиме, во текот на истражувањето и прибирањето податоци околу вклучувањето на младите во политичките процеси мојот став омекна. Иако се уште им земам за зло што се мрзеливи и без иницијатива, повеќе не сум гневна.

Не сум гневна поради тоа што ваквото помалку-демократски општество директно стимулира деполитизираност и неучество. Немаме ниеден позитивен пример на успешна граѓанска иницијатива кој може да ги окуражи младите, немаме ниеден позитивен пример на граѓанска интервенција прифатена од властите која би послужила како основа. Законот за граѓанска иницијатива и референдум е скоро невозможен, а игнорирањето и етикетирањето се најчесто користени методи за одговор на било какво различно мислење од страна на власта. Сето ова стимулира молк, стимулира апатија. И не е поставен и не се одржува така за џабе.

Како и да е, негласањето и поништувањето на ливчињата значи дека гласате за победникот. Негласањето и поништувањето на ливчињата значи дека вие молчеливо го одобрувате се ова што се случува околу нас иако во раце ви е шансата да го промените. Видете го овој инфографик за да видите колку всушност негласачите имаат моќ. Колку секој глас се важи. Негласачите и поништувачите се всушност главните актери во одржувањето на статус квото во оваа и секоја држава, според мене жртви на манипулација наместо „над политиката“ како што тие сакаат да се перцепираат.

Длабоко вкоренетите навики и структури мораат да се растурат пред каква било значајна врска да се креира помеѓу власта и младите. Се надевам барем оние кои не се изгубени во секојдневната трка од обезбедување живот од ден за ден ќе ја икористат својата можности да се информираат и делуваат. Затоа што од нас зависи.
XS
SM
MD
LG