Достапни линкови

Извлечени полуфиналните двојки во европските фудбалски купови


Во полуфиналето од Лигата на шампионите во фудбал ќе играат Баерн Минхен - Барселона и Борусија Дортмунд - Реал Мадрид. Ова е епилогот по денешната жрепка одржана во швајцарскиот град Нион каде што се наоѓа седиштето на УЕФА. Првите полуфинални средби се закажани за 23 и 24 април, додека реваншите ќе се играат на 30 април и на 1 мај. Големото финале ќе се одигра во Лондон на „Вембли“ на 25 мај. Претходно прославениот холандски голгетер Руд Ван Нистерлој ги извлече и полуфиналните двојки во Лига Европа. Во полуфиналето ќе играат: Фенербахче - Бенфика и Базел Челзи. Првите натпревари од полуфиналната фаза во ЛЕ ќе се играат на 25 април, а реваншите се закажани за 2 мај. Финалето ќе се одигра на 15 мај во Амстердам.
XS
SM
MD
LG