Достапни линкови

ДИК ги разгледува приговорите за Струга


Државната изборна комисија се очекува да го започне продолжението на седницата на која ги разгледува приговорите од политичките партии за гласањето во вториот круг од локалните избори. Синоќа се прифатени два приговори на ВМРО-ДПМНЕ за Струга за избирачките места 1878 во Радолишта и 1860 во градот, а во текот на вчерашниот ден се отфрлени сите 66 приговори за гласањето во Општина Центар. ДИК синоќа разгледа само четири од 17-те приговори поднесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ за гласањето во Струга. Приговорот за едното гласачко место со број 1877 во Радолишта е прифатен од страна на Комисијата, а од ова избирачко место во неделата вицепремиерот Владимир Пешевски, според приговорот, со употреба на сила бил оневозможен од непосредна близина да го следи гласањето и да го утврди идентитетот на гласачите како овластен претставник на ВМРО-ДПМНЕ.
XS
SM
MD
LG