Достапни линкови

Неделен печат - името, медиумите и парите


Неделникот Република пишува за најновата рунда грчко-македонски преговори за името одржана во Њујорк, Глобус за практиката набрзина да се донесе Закон за медиумите без новинарите, а Капитал анализира на што одат општинските пари.

Прво во овој преглед на неделниците го вклучуваме пишувањето на Република за најновата рунда грчко-македонски преговори за името одржана во Њујорк ден-два по вториот круг на локалните. Може да се претпоставува дека неделникот, близок до владејачката партија, има меродавни информации, затоа што двата текста во врска со овој проблем и добивањето датум за преговори со Унијата за добриот читач „мирисаат“, дека крајот на приказната за името се ближи.

Република - крајот на приказната за името се ближи

„Преговорите со нова динамика, Грците со стари финти - Долна блокада и за Горна Република Македонија“, е насловен првиот текст во Република во кој провејува своевиден оптимизам дека медијаторот Нимиц, најпосле, почнал да работи според меѓународното право, а не според желбите на Грција.
Грците со стари финти - Долна блокада и за Горна Република Македониј. Нимиц, најпосле, почнал да работи според меѓународното право, а не според желбите на Грција.

И интервјуто со Тони Дескоски влева доволно оптимизам дека „Пристапни преговори со ЕУ во јуни се реалност - Датумот е можен и без решено име“, како што редакциски е насловен подолгиот разговор со правниот експерт. Тезата на Дескоски е дека со заклучоците на Европскиот совет за пристапниот процес на Македонија од декември лани за прв пат е предвидено отворањето преговори за пристапување да се условува единствено со добивање позитивен извештај од Европската комисија, кој се очекува во втората половина на овој месец. Клучниот чекор, според Дескоски, е направен со тоа што извештајот нема да оценува дали е постигната спогодба за разликата за името, туку ќе се оценуваат чекорите преземени за да се надмине таа разлика, тврди, покрај другото, Тони Дескоски во Република.
Револтираните новинари, откако високиот владин чиновник не сакаше да ги прими пишаните забелешки на таа форма на „брзата птица итрица“, ја напуштија салата во Домот на АРМ во Скопје, не сакајќи да фингираат јавна дебата за закон што си го подготвила Владата сама и за кој никој не знае што содржи.

Глобус- Закон за медиумите без новинарите

„И кога се носеше Законот за дивеч, никој ништо не ги праша шумските животни. Законот регулира кои се заштитени, а кои и кога се за отстрел“, ја искоментирал еден новинар практиката на министерот Иво Ивановски набрзина да донесе Закон за медиумите без новинарите. Вака почнува текстот во Глобус кој детално го објаснува обидот на министерот Ивановски на неколку часови пред следувањето на еврокомесарот Филе во Скопје да импровизира јавна расправа за новиот закон за медиумите и да одглуми активност пред Унијата.

Револтираните новинари, откако високиот владин чиновник не сакаше да ги прими пишаните забелешки на таа форма на „брзата птица итрица“, пишува Глобус, ја напуштија салата во Домот на АРМ во Скопје, не сакајќи да фингираат јавна дебата за закон што си го подготвила Владата сама и за кој никој не знае што содржи.

Капитал - градоначалниците половината од својот буџет го трошат за плати

Капитал објавува анализа за 12 најголеми општини во земјава, според нивните завршни сметки, при што доаѓа до заклучок дека градоначалниците половината од својот буџет го трошат за плати. Притоа неделникот нагласува дека токму затоа е ,„тепачката“ за победа на локалните избори. Анализата покажува дека секоја од поголемите општини располага со милионски буџет, при што, покрај платите, градските татковци најмногу средства трошеле на стоки и услуги, каде што главна ставка, секако, се „договорните услуги“... Речиси секаде, овие ставки се повеќекратно поголеми од ставките за капитални расходи или за градежна оператива, додава Капитал.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG