Достапни линкови

Бесими воздржан пред извештајот од ЕK


Евроамбасадорот Штефан Филе и вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, 09 април 2013.

Евроамбасадорот Штефан Филе и вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, 09 април 2013.

Приоритетите на ХЛАД, добрососедските односи и прашањето за името ќе бидат нотирани во извештајот и очекувам тој да биде објективен со нотирање на прогресот што Македонија го направи, но и работите што треба да ги направи владата на Република Македонија, односно Македонија до јунскиот самит, вели вицепремиерот за евроинтегарции Фатмир Бесими.

Вицепремиерот за евроинтегарции Фатмир Бесими е воздржан дали пролетниот извештај ќе биде позитивен или не и посочува дека очекува тој да биде објективен. Очекувам да бидат нотирани сите реформи и работи што се направени во овој период од декемврските заклучоци и приоритети што се дефинирани во високиот пристапен дијалог, како и темите што беа во декемвриските заклучоци на Советот на ЕУ, како што се добрососедските односи и прашањето за името посочи Бесими во интервјуто за Радио Слободна Европа што ќе се емитува в недела.
Приоритетите на ХЛАД, добрососедските односи и прашањето за името. Овие работи ќе бидат нотирани во извештајот и очекувам тој да биде објективен со нотирање на прогресот што Македонија го има направено во овој период.

„Приоритетите на ХЛАД, добрососедските односи и прашањето за името. Овие работи ќе бидат нотирани во извештајот и очекувам тој да биде објективен со нотирање на прогресот што Македонија го има направено во овој период, но секако таму ќе ги има и работите што ќе следат во наредниот период, што треба да ги направи владата на Република Македонија до јунскиот самит на земјите членки на ЕУ.“
Шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон.

Шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон.


Со оглед на тоа што Македонија се соочуваше со одредени предизвици во меѓувреме сметам дека во делот што се однесува на реформите, земјава успеа да направи прогрес, меѓутоа остануваат отворени предизвиците кои беа споменати тука и од страна на еврокомесарот Штефан Филе, значи политичкиот ​дијалог, потоа покажување поголем напредок и интензивирање на дијалогот со медиумите, инклузивност и транспарентност на целиот процес на евро-иинтеграциите, рече Бесими додавајќи дека и изборите беа една од темите што беа следени од ЕК.
Мислам дека се работи токму за ова прашање бидејќи Македонија со самиот проблем околу досегашните иницијативни коишто беа доста млаки и практично нерешливи, последните настани дадоа одредена светла точка, одредена надеж дека може нешто да се направи.

Инаку во Македонја по посетата на Филе наредната недела доаѓа високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон. Посетата на Ештон ја потврди и МНР. Шефот на дипломатијата, Никола Попоски со став дека таа е дел од редовната комуникација со Европската комисија. Сепак поранешниот амбасадор на Македонија во НАТО Нано Ружин не исклучува дека во фокусот на нејзиното интересирање ќе биде решавањето на спорот на Македонија со Грција покрај други теми кои се однесуваат на земјава.

„Мислам дека се работи токму за ова прашање бидејќи Македонија со самиот проблем околу досегашните иницијативни коишто беа доста млаки и практично нерешливи, последните настани дадоа одредена светла точка, одредена надеж дека може нешто да се направи.“

Министерот Попоски во врска со посетата на Ештон рече дека се работи за нормална комуникација со ЕК по завршувањето на последниот пристапен дијалог на високо ниво, но дека не мисли дека има корелација во однос на континуираниот процес кој го водиме во ОН за решавање на спорот со Грција.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG