Достапни линкови

Нова дефиниција за тероризам во Турција


архива

архива

Парламентот на Турција ги усвои измените на антитерористичкиот закон со кои се менува дефиницијата за терористичка пропаганда. Од сега само директно поттикнување на насилство ќе претставува кривично дело. Министерството за правда оцени дека тоа е во согласност со критериумите на Европскиот суд за човекови права и со барањата на ЕУ Анкара да ги намали ограничувањата на слободата на изразување. Сепак, критичарите велат дека измените и дополнувањата се уште им дозволуваат на обвинителите и судиите да испраќаат во затвор активисти, доколку сметаат дека тие претставуваат закана за јавниот ред. Стотици политичари, активисти и новинари се во затвор, повеќето под обвинение за поддршка на курдскиот сепаратизам во југоисточниот дел на Турција.
XS
SM
MD
LG