Достапни линкови

Рикер: Белград да го прифати предлогот за Косово


Американскиот заменик помошник државен секретар Филип Рикер

Американскиот заменик помошник државен секретар Филип Рикер

Американскиот заменик помошник државен секретар Филип Рикер ги повика властите во Србија да го прифатат предлогот на Брисел за нормализација на односите со Косово и за продолжување на дијалогот со Приштина. „Ја повикуваме Србија да ја искористи таа можност, бидејќи сакаме да видиме дека ги исполнува условите за почеток на преговорите со ЕУ“, рече Рикер за време на посетата на Загреб. Тој го повтори ставот на Стејт департментот дека расправата за меѓународните кривични судови во Генералното собрание на Обединетите нации што ја покрена претседавачот Вук Јеремиќ се претворила во неурамнотежена и подбуцнувачка полемика против Хашкиот трибунал.
XS
SM
MD
LG