Достапни линкови

САД со список руски граѓани кои ги кршат човековите права


Соединетите држави денеска ќе објават кои руски граѓани обвинети за кршење на човековите права ќе се соочат со финансиски санкции и со неиздавање американски визи. Станува збор за спроведување на таканаречениот Магнитцки акт. Сергеј Магнитцки беше руски адвокат кој во 2008 година беше уапсен за даночно затајување откако обвини високи полициски претставници за крадење на 230 милиони долари државни пари. Тој почина по лошиот третман во затворот. Руската влада најави дека ќе одговори со свои сакции против американски граѓани.
XS
SM
MD
LG