Достапни линкови

logo-print

Сервер - Треба политичка волја за надминување на спорот за името


Даниел Сервер.

Даниел Сервер.

Не сум сигурен што е новиот предлог на Нимиц, ниту знам колку ќе се покаже прифатлив за обете страни. Поентата е дека ова прашање може да се реши со политичка волја. Има многу можни решенија. Но, сметам дека и на грчка, и на македонска страна, во последниве 20 години не постоеше политичка волја, вели Даниел Сервер, професор на Катедрата за постдипломски меѓународни студии на Универзитетот Џонс Хопкинс и член на универзитетскиот Центар за трансатлантски односи во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик.

Според него, Македонија во моментов навистина сака да влезе во НАТО што е можно побрзо и тој прием би се случил пред влезот во ЕУ. За населението во Македонија, особено за албанскиот дел, решавањето на ова прашање е многу важно и би помогнало да се смират меѓуетничките односи доколку Македонија релативно брзо влезе во НАТО, а потоа и во ЕУ.
XS
SM
MD
LG