Достапни линкови

Филе - Без реформи замрзнат патот на Босна кон ЕУ


Филе со премиерот на Босна и Херцеговина Вјекослав Беванда.

Филе со премиерот на Босна и Херцеговина Вјекослав Беванда.

Комесарот за проширување на ЕУ Штефан Филе предупреди дека понудата Босна да се приклучи кон Европската унија може да биде замрзната. Тој при посетата на Сараево изјави дека босанските лидери не ги спровеле во акција ветувањата за реформи. Осумнаесет години од крајот на војната во Босна, таа се уште се соочува со длабока етничка поделба. ЕУ бара Босна да го реформира својот устав за да може да аплицира за членство во ЕУ, но политичките лидери досега не успеаја да го сторат тоа. Босна до крајот на март требаше да го промени уставот и да го смени изборниот закон, но го пропушти рокот.
XS
SM
MD
LG