Достапни линкови

НАТО мора да најде начин да соработува со Русија


Американскиот генерал Филип Бридлов.

Американскиот генерал Филип Бридлов.

НАТО мора да најде начин да соработува со Русија и покрај затегнатите односи, изјави американскиот генерал Филип Бридлов, кој е избран да служи како следен врховен командант во НАТО. Тој говорејќи пред американскиот Конгрес ја истакна важноста на сојузот помеѓу САД и Европа. Во својот говор тој наведува дека Алијансата мора да „бара зони за соработка со Русија“, затоа што Москва ќе остане „главен актер“ во регионот. Бридлов изјави дека ако САД и Русија соработуваат за ракетниот штит ќе испратат силен сигнал до Иран.
XS
SM
MD
LG