Достапни линкови

САД ја прошири црната листа со кршачите на санкциите кон Иран


Еден ирански бизнисмен, Малезиската банка и неколку компании кои ги прекршиле американските санкции кон Иран се најдоа на американската црна листа. Министерството за финансии соопшти дека на листата се нашле бизнисменот Бабак Мортеза Зањан, затоа што неговата компанија им помогнала на компаниите контролирани од иранската револуционерна гарда да дојдат до милијарди долари од приходите од нафта со што се кршат американските санкции. Исламската инвестициона банка со седиште во Малезија исто така е на црната листа. Санкциите се наменети да изврши притисок врз Техеран поради неговата нуклеарна програма. САД се сомнева дека Иран работи на развој на нуклеарно оружје, но Иран го негира тоа.
XS
SM
MD
LG