Достапни линкови

logo-print

Јанукович не може да ја помилува Тимошенко


Украинскиот претседател Виктор Јанукович изјави дека не може да ја помилува поранешната премиерка Јулија Тимошенко додека против неа трае правната процедура. На новинарско прашање, зошто поранешниот министер за внатрешни работи Јуриј Луценко можел да добие помилување од здравствени причини, а Тимошенко не може, Јанукович рече дека што поскоро заврши правната процедура, тоа поскоро ќе биде можно да се одговори на прашањето за помилување. Тимошенко е осудена на седум години затвор за злоупотреба на положбата, но се соочува и со обвиненија за измама и за затајување данок, како и за наредување убиство на еден адвокат во 1996 година.
XS
SM
MD
LG