Достапни линкови

Поранешниот ирански преговарач Хасан Рохани ќе се кандидира за претседател


Поранешниот ирански преговарач за нуклеарната програма Хасан Рохани.

Поранешниот ирански преговарач за нуклеарната програма Хасан Рохани.

Поранешниот ирански преговарач за нуклеарната програма Хасан Рохани најави дека ќе се кандидира на претседателските избори што треба да се одржат во јуни годинава. Тој го обвини претседателот Махмуд Ахмадинеџад за непотребните економски санкции кои го „осакатиле“ Иран. Рохани, кој е муслимански свештеник, беше шеф на иранскиот тим за нуклеарната програма во преговорите со Франција, Германија и Велија Британија од 2003 до 2005 година. Тој си поднесе оставка во 2005 година кога Ахмадинеџад стана претседател. Актуелниот претседател, кому ова му е втор мандат, нема право повторно да се кандидира.
XS
SM
MD
LG