Достапни линкови

logo-print

Совет на Европа - Русија ја попречува работата на невладините


Нилс Музиникс од комитетот за човекови права при Советот на Европа.

Нилс Музиникс од комитетот за човекови права при Советот на Европа.

Русија ја попречува работата на невладините организации со нови рестриктивни закони и со низа инспекции, рече Нилс Музиникс од комитетот за човекови права при Советот на Европа. Говорејќи вчера во Москва, тој рече дека Русија со новиот закон бара некои невладини организации да се регистрираат како „странски агенти“, што потсетува на термините до советската ера.

Рускиот претседател Владимир Путин ги отфрли критиките од САД и Европа, велејќи дека Русите имаат право да знаат кој ги финансира невладините организации и зошто го прават тоа. Водечките групи за човекови права одбија да се регистрираат како странски агенти, велејќи дека тоа ќе им штети на нивниот кредибилитет и поддршка. Според невладината за човекови права Агора, над 225 невладини организации биле „прочешлани“ од инспекција.
XS
SM
MD
LG